Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој ја известуваат јавноста за отварање на процесот за аплицирање од страна на земјоделците за произведени и предадени земјоделски градинарски и овошни култури во регистрирани преработувачки капацитети.

Сите земјоделци кои во период од 26 декември 2020 година до 25 декември годинава, произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска па се до 25 – ти декември ќе може да аплицираат за добивање на субвенции преку мерките 1.6 и 1.8.

Аплицирањето се врши електронски со најава на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, најава во полето „директни плаќања, е – барање“.
Сите баратели во прилог на барањата, потребно е да достават и потврди издадени од регистрираниот преработувачки капацитет во кои јасно ќе бидат наведени предадените количини.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека:
„Право на користење на овие дополнителни директни плаќања имаат сите кои имаат остварено производство на градинарски или овошни култури и истите ги имаат предадено во регистрирани преработувачки капацитети. Висината на поддршката изнесува 3 денари по килограм произведен и предаден зеленчук или овошје за преработка“ – истакна Бачовски.

Системот е веќе во функција и може да се аплицира. Краен рок за поднесување на барањата е 25- ти декември 2021година. Сите земјоделци кои имаат проблем, или пак не знаат сами електронски да поднесат барања, за помош може да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ. Сите баратели при поднесување на апликациите да внимаваат на точноста на наведените податоци во апликацијата. Доколку барателот увиди дека при поднесување на барањето направил некаква грешка, истото може да го повлече и во рок од 30 дена да се направи корекција.

Целокупната потребна документација може да се симне од веб страната на АФПЗРР, во делот директни плаќања, и обрасци.

Извор: АФПЗРР

1 thought on “Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Comments are closed.