Пашарина од 0,3% од просечната нето плата по грло ситен добиток, живина и пчелно семејство со новиот предлог закон

Со новиот предлог закон кој што е во процедура за донесување за сите земјоделци кои вршат колективно напасување се предвидува плаќање на 0,3% пашарина од просечната нео плата исплатена за минатата година во државата по грло ситен добиток, живина и пчелни семејства и 1% од просечната нето плата исплатена за минатата година по грло крупен добиток.

Со плаќањето на овој надоместок се опфатени сите земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кои имаат пријавено капацитети за сточарско производство или производство на примарни земјоделски производи од анимално потекло.

Надоместокот за пашарина земјоделците треба да го уплатат најдоцна до 15-ти март во тековната година за претходната година на сметка на ЈП пасишта.

Најголеми несогласувања со плаќањето на ваквиот надоместокдоаѓаат од пчеларите кои не се согласуваат со ваквата владина политика да плаќаат пашарина за своите пчелни семејства, со аргумент дека државата треба на нив да им плаќа затоа што нивните пчели вршат опрашување на растителниот свет во околината каде што се наоѓаат.