Како да одгледате домати од семки во домашни услови

Доматите во Македонската кујна се едни од најважните растителни намирници кои што ги користат речиси секое домакинство, ресторан или угостителски објект.

Има повеќе видови на домати кои што се познати во МАкедонското кулинарство но најпосакувани од страна на готвачите се доматите со тенка кора со помалку семе во средината. Оние малите т.н. вишна-домати пак се исклучително со богат вкус, што најчесто се консумираат во неготвени салати, паста и пици. И двата овие видови на домати се особено хранливи, бигати со витамин Ц, А, железо и ликопен што ги прави идеална состојка за речиси секоја здрава диета која што го поттикнува имунитетот против рак, срцеви болести и висок крвен притисок.

Оваа здрава храна ќе биде многу повкусна доколку имате прилика сами да ги произведете со сопствените раце и сопственото знаење.

Процесот за одгледување на здрави и квалитетни домати започнува уште при самото обезбедување на семето. За соодветно естрахирање на семето од доматната пулпа треба да ги следите внимателно следните чекори:

-Пресечете го доматот на две половини отстранете ја доматната пулпа заедно со семето од остатокот од доматот и оваа содржина поставете ја во пластичен сад како што е отстранета-нерастурена. Пластичниот сад оставете го во темна просторија без допир со сончева светлина нека отстои 2-3 денови. Слој од мувла ќе се појави околу семето. Овој процес е важен затоа што ги уништува многуте вродени болести во семето кои што можат да влијаат врз наредната генерација на плодови.

-Протресувајте го пластичниот сад еднаш дневно се додека не се формира слој од мувла на површината. Кога се формира слојот од мувла, соберете го семето со ракавици одделно од слојот мувла. Одвоеното семе измијте го внимателно со вода со помош на цедилка.

-Распоредете го семето на плочест сад и овозможете му да се исуши за неколку денови. Откако семето е исушено можете да го поставите во запечатен пластичен сад се додека не сте подготвено да ги засадите семињата. Вака запечатениот сад со семето поставете го во сува и ладна просторија.

-За да го засадите семето може да користите земја за во саксија.

-Бидете особено внимателни со фактот што вашата почва во која што треба да ги засадите семињата треба да биде апсолутно стерилизирана претходно. Вообичаена градинарска почва која што не е добро стерилизирана може да го загрози здравјето на младозасадените растенија, правејки ги полесно подложни на патогени кои што можат да им наштетат.

Сеањето на доматното семе е потребно да се направи во домашни контролирани услови на затворено за да се подобрат можностите за производство. Темелно влажнете ја почвата која ја поставувате во саксијата во која што ќе го вршите поставувањето на семето. Оставете 3-4 cm од максималната висина на почвен материјал до која висина планирате да поставите почва. Поставете 2-3 семки во секоја саксија. Покријте го внимателно семето со почва.

Наводнувајте ја саксијата, но бидете внимателни, немојте премногу да го наводнувате почвениот материјал.

Поставете ја саксијата на топло место. Семето во оваа фаза не бара сончева светлина. Проверувајте ги саксиите на дневна основа. Во моментот кога ќе забележите стебленце поставете ја саксијата на сончево место или под вештачко светло за растење растенија.

Потоа следува рассадување на растенијата во поголеми саксии кога ќе достигнат висина од околу 15-тина cm после 6-8 недели од засејувањето.

Измешајте исушена почва со компост во поголемите чисти саксии исполнета малку повеќе од половина. Од малите саксии во кои се наоѓаат младите стебленца ослободете ја почвата околу стебленцата пополека со што ќе се опуштат корењата. Преместувањето да се изврши со придржување на основата на корењата со почвениот материјал во кој се обраснати. Нагло тегнење на стеблото од почвата не е дозволено. Поставете го стеблото во поголемата саксија на тој начин што 2/3 од стеблото ќе биде прекриено со растресита мешавина од земја и компост. Залејте ја саксијата со вода така што почвата ќе се стабилизира добро. Продолжете со наводнување на саксиите секои 2-3 денови така што најгорниот слој од почвата да биде постојано влажна.