Исплатени 866 милиони денари за субвенции за овчарите и градинарите

Денеска директорот на АФПЗРР Никица Бачовски ја објави информацијата дека од платежната агенција реализирале исплата на 633,4 милиони денари за субвенции за одгледувачите на овци и 233,4 милиони денари за градинарите.

“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на градинарски култури и одгледувачите на овци дека во текот на денешниот ден се процесуираат исплатите за ⬇️

🟢 3124 одгледувачи на овци – 633.4 милиони денари 🐑

🟢 10.574 градинари – 233.4 милиони денари 🥔🌶🥒🍅

Во меѓувреме се обработуваат решенијата за исплата на субвенциите за говеда, овци, пчели и останатите дополнителни плаќања.

Од наредната недела се очекува да започне и надополнувањето на картичките за зелена нафта 🚜

Во текот на летото остануваме посветени на целосна и неселективна исплата на директните плаќања како финансиска поддршка за сите земјоделци. 👨‍🌾👩‍🌾

-напиша на фејсбук Никица Бачовски- Директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.