Исплатени субвенции за зголемени стада добиток за 2019 и за регистрирани индивидуални земјоделци за 2018

Во текот на изминатата недела од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја информираа јавноста дека ќе извршат плаќање на дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. По однос на оваа мерка АФПЗР на сметките на 2.332 субјекти исплати околу 51 милиони денари.

Исто така од Агенцијата информираа дека на сметките на 6.930 фармери кои го зголемиле стадото во споредба со претходната година исплатени се 26,1 милион денари. Станува забор за исплата на 30% повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил бројот на грла од основното стадо на говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства. Преку оваа мерка се овозможува поттикнување за зголемување на сточниот фонд и развој на домашното сточарство. На овој начин дирекно влијаеме врз обезбедување на домашна суровина на месо, производи од месо, млеко, мед.