
Зоран Заев денеска на берба на јаболка во Преспанскиот регион
Премиерот Зоран Заев заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка ан земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски присуствуваше на свечен почеток на берба на јаболки во Преспанскиот регион.
“На големиот христијански празник – Крстовден го одбележуваме почетокот на бербата на јаболка во преспанско.
Заедно со премиерот Зоран Заев, министерот Арјанит Хоџа и градоначалникот Живко Гошаревски бевме гости на манифестацијата „Преспански Јаболкобер 2021” која традиционално се одржува веќе повеќе од 20 години.
Производството на јаболка е стратешка земјоделска гранка која како Агенција за финансиска поддршка силно ја поддржуваме. Во преспанскиот регион се доделени 125 милиони денари на околу 2000 јаболкопроизводители по основ на субвенционирање на овошни насади.
Истотака, со околу 12 милиони денари се субвенционира горивото за земјоделска механизација (зелена нафта) во овој регион, со што се намалуваат производствените трошоци.
На сите јаболкопроизводители им посакувам успешна берба, а АФПЗРР ќе остане посветена на вашата благосостојба преку редовни и дополнителни мерки за поддршка на јаболкарите.
“
-напиша на фејсбук директорот на АФПЗРР Никица Бачовски во оваа прилика.