Започнува интензивна соработка на МЗШВ на Македонија со МЗШВ на Црна Гора

Денеска во работна посета на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерот Аријанит Хоџа беше неговиот црногорски колега.

Во рамки на средбата е разговарано за повеќе полиња за соработка меѓу двете министерства во наредниот период:

“На мое големо задоволство, денеска македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство беше домаќин на висока делегација од Република Црна Гора, предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, г-дин Александар Стијовиќ.

Со министерот Стијовиќ заклучивме дека имаме многу полиња за соработка. Ќе почнеме со реализација уште денеска, преку првични работни состаноци помеѓу делегацијата на Република Црна Гора и директорите на македонските Aгенции и Управи: Агенцијата за храна и ветеринарство, Платежната агенција, Управата за водостопанство, Управата за хидрометеоролошки работи и Управата за фитосанитарна политика. Ова се четирите области во кои во следниот период ни претстои најмногу работа со цел билатерално унапредување и заеднички развој на нашите пријателски земји.”

-напиша на фејсбук во врска со средбата Министерот Хоџа.