АФПЗРР исплати сума од 260 милиони денари за повеќе мерки за поддршка на земјоделците

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој денеска во јавноста соопшти за исплатени нов фонд на финансиски сретства на сметките на земјоделците.

“Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенции по повеќе мерки ⬇️

⚫На сметките на 7689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ).

⚫ Исплатени се 63.6 милиони денари за предадени јагниња во кланичен капацитет.

⚫ На сметките на сите живинари кои имаат пријавено заклани бројлери во кланични капацитети од мај 2019 – септември 2020 исплатени се 8.5 милиони денари.

⚫ Исплатена е поддршката за саден и семенски материјал и тоа – 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал.

⚫ 27.2 милиони денари се исплатени за субјектите кои пријавиле дека имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки.

Со овие исплати се опфатени над 9000 апликанти со сума од 260 милиони денари. ✅

-соопшти преку социјалните мрежи директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.